ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата “Декоративен маникир” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност,подготвува работно место и клиент за третман, спроведува третмани на маникирање и декорација на ноктите на рацете, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.
Структурата на програмата  за “Декоративен маникир” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
Во реализација на програмата учествуваат стручни лица, Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование,  VII/1 степен, со завршени студии по медицина, a за практичниот дел, сертифицирано лице лице со работно искуство во декоративен Маникир. Програмата ќе се реализира во специјализирана предавална со потребна опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства и салони за козметика.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат по програма за “Декоративен маникир”
Времетраењето на програмата е 80 наставни часа. Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за козметика.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години.
Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

42

Оценување

0

Вкупен број на часови

82

Датум на верификација

12/12/2019

Скопје

ШМИНКЕР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content