Програмата за работно оспособување за Столар – изработувач и монтажер на плочест мебел претставува модуларна обука која содржи вкупно 120 часови, од кои 30% теоретска настава (36 часа) и 70% практична настава (78 часа) со проверка на стекнатите знаења (6 часа). Теоретскиот дел ќе се реализира во соодветна просторија во Институтот за развој на заедницата – Тетово, додека практичниот дел ќе се спроведува во опремена столарска работилница за производство на плочест мебел. Во практичниот дел ќе се реализира наставната програма по практична настава преку стручен обучувач со кој ИРЗ склучува договор за соработка.
Времетраењето на обуката е 6 недели и 2 недели практична работа во реални услови кај работодавач – во претпријатие. Програмата ќе се реализира преку 6 модуларни единици, и тоа: 1. Познавање на материјалите – 5 часа; 2. Алати, машини и уреди за изработка и монтирање на плочест мебел со заштита при работа – 10 часа; 3. Дрвни конструкции на плочест мебел – 6 часа; 4. Технологија на изработка и монтирање на плочест мебел – 10 часа; 5. Претприемништво и бизнис – 5 часа и 6. Практична настава – 78 часа + 6 часа се предвидени за оценување т.е. полагање на завршниот испит. Завршниот испит се полага преку практична изработка на производи пред трочлена комисија. Програмата е наменета за работноспособни лица со завршено најмалку основно образование, не помлади од 17 години, со афинитети кон столарството, кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд. Целта на програмата е кандидатите да стекнат знаења и вештини да изработуваат и монтираат мебел од разни видови на дрвени плочи, како што се: кујни, комоди, плакари и тн. Програмата ќе биде реализирана од Дипл. инж. по дрвна индустрија. Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени анкети на почетокот и на крајот од реализацијата на програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници. На крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите
