Програмата “Советувач” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на психо-социјално советување. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: применува вештини од областа на советување со лица кои имаат пречки или се соочуваат со проблеми што ги носи животот, да комуницира, да соработува во тим, да пренесува знаења, да презентира и подучува други лица за теми од животот, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците практична примена на стекнатите вештини, полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на програмата за “Советувач” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, индивидуални сесии со тренер и проверка на постигањата на кандидатите, самоевалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка посдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка посдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за СОВЕТУВАЧ.
Времетраењето на програмата е 500 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-напредно ниво за психотерапевт.Учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен да: применува вештини од областа на советување со лица кои имаат пречки или се соочуваат со проблеми што ги носи животот, да комуницира, да соработува во тим, да пренесува знаења, да презентира и подучува други лица за теми од животот, учи доживотно и се усовршува.
