Програмата се заснова на стандарди потребни за сaмостојно извршување на работите и работните задачи пожарникар, во непосредно учество во спроведување на мерките за заштита од пожар, спречување на настанување на пожар и експлозии, локализирање и гасење на пожари, спасување на имоти и лица загрозени од пожар и елементарни непогоди. Истата е со четири месечно времетраење, или 400 часа, а се состои од тематски целини за теоретска настава и практична обука. Часовите по теоретска настава се реализираат во опремени училници/кабинети, а практичната обука во кабинет и во реални услови во единица за противпожарна заштита.
Практичната обука и вежбите се во функција на оспособување на учесникот за непосредно учество во гасење на пожари, спасување на луѓе и материјални добра, давање на дневни извештати за настаните, појавите и промените за кои се води евиденција, да применува професионална комуникаци со луѓе и институции, тимски да работи и доживотно да учи и усовршува .
По завршувањето на програмата учесниикот полага завршен испит пред комисија, а по успешното завршување на испитот се стекнува со уверение за стручна оспособеност за пожарникар по верификувана програма.
Учесникот во оваа програма може вертикално да напредува во програми од повисоко ниво за ова занимање.