Опис на програмата Изучување на германскиот јазик како странски јазик за возрасни, според однапред предвидена програма напревена од наставниот кадар при едукативниот центар. Програма предвидува запознавање на граматиката како составен дел од секој јазик, средство за комуникација за и општење и споделување сопствени идеи и размислувања. Исто така нашата програма предвидува изучување на вокабуларот соодветен за степенот како и општа комуникација односно употреба и примена на веќе стекнатиот вокабулар и граматика. Друг важен дел кој го земаме за предвид е комуникацијата поттикната од соодветни теми презентирани во учебинот а се поддржани со алатки како слушање, видеа и пишување. За реализиација на овој курс се потребни учебници, работни тетратки како аудио и видео материјали како најсовремени методи за практикување на изучување на странки јазик (германски јазик во овој случај). Според возраста на учениците се одбира и самиот пристап на кој наставникот ќе го приближи материјалот до ученикот. Форсирање на комуникација со употреба на секој нов збор како и секоја фраза се со цел да се сфате употребата на новостекнатиот вокабулар како и граматиката како битен сегмент за правилно изразување и говорење со говорници чиј мајчин јазик им е германскиот. Оценувањето на знаењата ќе се спроведува преку вежби за пишување, зборување, читање како и граматички целини кои ќе го истакнат нивото на разбирање и знаење на учениците. На самиот крај наставникот е обвврзан да спроведе тестирање (писмено и усно) кое вклучува дел од граматика, вокабулар, пишување, слушање и зборување. Наставата ќе се одвива во специјализирани училници опремени со табли, комјутери, аудио материјали и така натаму. Теоретски дел од наставата: изучување на предевидените целини како граматика, вокабулар, пишување, слушање и комуникација. Кандидатот кој успешно ќе го положе финалниот тест ќе се здобие со диплома која укжува дека ученикот се здобил со познавање на јазикот по нивоа (A1, A1; B1, B2; C1 и C2).
