АРГОН (ТИГ) ЗАВАРУВАЧ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Кандидатот ќе се стекне со теоретски и практични вештини од областа на рачното заварување со посебен акцент на ТИГ постапка.

Обуката се организира и реализира во училниците и работилниците на училиштето.

Училницата е опремена со табла, видео бим потребните наставни нагледни материјали за демонстрација. Вештините потребни за занимањето практично се стекнуваат преку планирани вежби во училишната работилница.

Опремата одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции. Кандидатот има свое работно место.

Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 65 часа теоретска обука, 163 часа се практична обука и 12 часа се наменети за оценувањето.

Вежбите за практична обука се осмислени така  да се последователен след, условеност и корелација со сознанијата кои кандидатите ќе ги стекнат со стручната теорија.

Кандидатите за време на обуката континуирано се следат во постигањето на целите од страна на обучувачите преку писмена и практична проверка. Резултатите од проверките се евидентираат во соодветни листи за вреднување за секој кандидат.

Вреднувањето на стекнатите компетенции се врши во три нивоа: високо, средно и ниско кое се внесува во листите за вреднување. Тоа се врши во текот на целата обука и за секоја тематска целина пооделно.

По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат

АРГОН (ТИГ) ЗАВАРУВАЧ   

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Кандидатот:

  • ја распознава опремата, приборот и уредите за заварување;
  • користи опрема за заварување;
  • чита техничка документација;
  • врши  подготовка на материјалите за  заварување ;
  • успешно заварува во заштитна атмосфера на аргон со нетоплива електрода, гасно и електролачно рачно;
  • го чува алатот и приборот во исправна состојба;
  • ги контролира заварени споеви;
  • се грижи за животната и работната средина;
  • развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење.
  • тимска работа

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено минимум основно образование и возраст најмалку од 18 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

65

Пракса

163

Оценување

12

Вкупен број на часови

240

Кандидатот:

  • ја распознава опремата, приборот и уредите за заварување;
  • користи опрема за заварување;
  • чита техничка документација;
  • врши  подготовка на материјалите за  заварување ;
  • успешно заварува во заштитна атмосфера на аргон со нетоплива електрода, гасно и електролачно рачно;
  • го чува алатот и приборот во исправна состојба;
  • ги контролира заварени споеви;
  • се грижи за животната и работната средина;
  • развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење.
  • тимска работа

Датум на верификација

09/11/2016

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content