Во периодот од 11-ти до 15-ти декември 2017 година , во хотел Солун, Скопје се одржа настан кој имаше  за цел  поддршка на развојот на системот за валидација на неформалното и информалното учење, преку обука на обучувачи за проценувачите.

Настанот го отворија Директорката на ЈУ Центар за образование- Скопје,  Линдита Ќазими , Државната секретарка од  Министерство за образование и наука, Анета Трпевска и Едуарда  Кастел Бранко од Европската тренинг фондација.

Фокус на обуката беше третата фаза од ВНИЛ процесот, проценка, а во обуката беа вклучени учесници од:  Државен испитен центар, Министерство за образование и наука, Центар за стручно образование и обука, отворени граѓански универзитети, Сојуз на комори-Скопје, Занаетчиска комора Скопје, Центар за доживотно учење ,како и учесници од  ЈУ Центар за образование на возрасните –Скопје.

Обучувачи беа Ани Картунен и Огнен Спасовски.

Обуката беше со времетраење од пет работни денови и вклучуваше различни активности на учење прилагодени на целта, вклучувајќи практични вежби за проценка.  Учесниците се оспособија  да го разберат процесот на ВНИУ во целина и имаа можност да ги идентификуваат силните страни и слабостите, планирање корективни акции и акции за натамошен развој на различните фази во системот.