488

„Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот на стручно образование и обука и образованието на возрасните”

На 26.09.2017 во просториите на ЈУ Центар за образование на возрасните се одржи состанок меѓу директорот на ЈУ ЦОВ г-а Lindita Qazimi,вработените на  ЦОВ и клучниот експерт за образование на возрасните г-а Mariana Matache,каде беа презентирани резултатите од проектот „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот на стручно образование и обука и образованието на возрасните”

ЈУ Центар за образование на возрасните беше ангажирана за финализирање на неколку компоненти од проектот и тоа:

Компонента 2.2 – Градење на капацитетите на локалната самоуправа и спроведување на анализа за потребите на пазарот на трудот на локално ниво и обезбедување / спроведување на активностите во согласност со Законот за образование на возрасни-

Во рамки на компонента 2.2  е изготвена методологија за идентификување на општините и учесниците за вклучување во обука, развиени се насоки за спроведување на анализи на потребите на пазарот на трудот, проценка на потребата за обука за заинтересираните страни на локално ниво за потребите на ПТ,  реализирани три обуки  за градење на капацитетите на локалната самоуправа и тоа во Велес, Струмица и Струга, изготвен е прашалник за собирање на податоци за анализа на потребите на пазарот на трудот и во моментов се собираат информаци доставени од страна на Општините.

Во рамките на компонента 2.6-  по однос на работата на Отворените граѓански универзитети за доживотно учење е направена анализа за постоечиот закон за работата на Отворените работнички универзитети и е изготвено предлог Закон за измена на членови од Законот, реализирани се 7 работилници за подршка на рабтата ворените граѓански универзитети за доживотно учење, изготвена е Брошура  со програма за Отворените работнички универзитети, направена проценка за обука за вработените во ОГУДУ каде што се реализирани две обуки.

Во рамките на компонента 2.3, изработена е методологоја за развивање на програми за образованеи на возрасни, согласно потребите на пазарот на труд. Ревидирани се 5 веќе верификувани програми и изготвени се 10 нови програми. Во изминатиот период 9 од нив беа успешно пилотирани од сгтрана на понудувачите на услуги кои работеа на програмите.

Во рамките на на компонента 3.3 беа изготвени и два стратешки документи:

  • Стратегија за образование на возрасните 2016-2020 и
  • Стратегија за доживотно учење 2016-2020

Стратегија за образование на возрасните 2016-2020

Стратегијата за образование на возрасните 2016-2020 е во координација со Стратегијата за образованието 2017-2020, столбот за образование на возрасните.Генерално ги опфаќа истите приоритети и мерки, додека активностите се повеќе расчленети и детализирани.

Стратегијата за образование на возрасните произлегува од Законот за образование на возрасните, а ургентноста на ваква сеопфатна стратегија за возрасни доаѓа од потребата за хармонизирање на потребите на пазарот на трудот со образовната понуда, како и развивање на ефикасен и функционален модел на образование на возрасните чија цел би било ефикасно и ефективно реализирање на ваквите поставени цели.

Стратегија за доживотно учење 2017-2020

Преку проектот за прв пат во Македонија е изработена Стратегија за доживотно учење.

И оваа Стратегија да е во координација со Стратегијата за образование 2017-2020, како и со Стратегијата за образование на возрасни 2016-2020.

Фокус на оваа стратегија е учењето остварено надвор од формалното образование.

Доживотното учење претставува учење во текот на целиот живот, од рано детство до постара возраст, а се разбира како континуиран процес на флексибилни можности за учење, како и поврзување на знаењата и компетенциите барани во формалното образование со вештините стекнати преку  неформалното и информалното учење.

 

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *