ЈАВЕН ОГЛАС за избор на административен асистент

Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15 и 30/16 ) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на административен асистент

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на Административен асистент за проектот NATIONAL COORDINATOR FOR ADULT LEARNING WORK PLAN: MACEDONIA, (AGREEMENT NUMBER – 2017-2289/001-001, PROJECT NUMBER – 592010-EPP-1-2017-1-MK-EPPKA3-AL-AGENDA) (1 извршители).

Заинтересираниот кандидат треба да ги исполнува следниве услови:

  • Завршени додипломски студии во областа на општествените науки, магистерски студии ќе се сметаат за предност;
  • Одлично познавање на англискиот јазик;
  • Најмалку 5 години работно искуство, од кои 2 години работно искуство во образование;
  • Искуство во имплементирање на Еразмус+ проекти;
  • Познавања за системот на образование на возрасните во Република Македонија;
  • Познавања за валидација на неформалното и информалното учење.

Заинтересираниот кандидат треба да достави:

  1. Пријава која треба да содржи:
    • име и презиме,
    • адреса на живеење,
    • телефонски број и електронска пошта за контакт и
    • степен и вид на стекнатото образование;
  1. Кратка биографија.

Потребната документација кандидатот да ја достави на е-пошта до: konstantin.hristovski@cov.gov.mk

со назнака: За избор на административен асистент, PROJECT NUMBER – 592010-EPP-1-2017-1-MK-EPPKA3-AL-AGENDA

рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.

Публикуван на: 02.11.2017 година

Прием на апликации до: 06.11.2017 година

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *