Оформување на средно стручно образование во општина Прилеп

Проектот за оформување на средно стручно образование од Октомври 2012 година започна со реализација и во Општина Прилеп, за следниве струки: машинска струкапрофил МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР, електротехничка струка,профил ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР – ЕНЕРГЕТИЧАР, сообраќајна струка, профил ТЕХНИЧАР ЗА ТРАНСПОРТ И ШПЕДИЦИЈА. Во оваа прва фаза наставата ја следат 100 учесника со завршено само основно образование.

Консултативно–инструктивната настава ја спроведува наставен кадар од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ – Прилеп.

 

Јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Туристички водич (2 извршители).

Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12,41/14,144/14 и 146/15) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС (26.11.2015)

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги запрограмата Туристички водич (2 извршители).

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

– да имаат најмалку високо образование од областа;

– да имаат најмалку 5 години работно искуство во настава во соодветнатаобласт или

– најмалку 10 години работно искуство во соодветната област.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

1.Пријава за членови на комисии која треба да содржи:

– име и презиме,

– работно место,

– адреса на работно место,

– адреса на живеење,

– телефонски број за контакт и

– степен и вид на стекнатото образование;

2.Кратка биографија.

Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Васил Ѓоргов бр.35

1000 Скопје

или на е-пошта: contact@cov.gov.mk

со назнака за избор на надворешен соработник

рок од 10 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.
Публикуван на: 26.11.2015 година

Прием на апликации до: 05.11.2015 година

stip

Средба со претставници од текстилниот сектор

 

На 1 ноември 2012 година, во Штип, во просториите на Астибо Фешн Груп (АФГ) кои ги обезбеди директорот на АФГ и претседател на Текстилната трговска асоцијација г. Венцислав Филипов.На состаноците присуствуваа г-ѓа Наташа Сивевска, Извршен директор на Текстилната трговска асоцијација, г-ѓа Емилија Ивановиќ, Центар за образование на возрасни, г. Франсис Леви, краткорочен експерт, г-ѓа Гордана Мирчевска, толкувач на Твининг проектот и г. Лазо Шопов, експерт за одржување на машини за шиење.

stipЦелта на состанокот беше дизајнирање на профил на добар механичар за одржување зашто многу компании ја искажаа потребата за техничари со повисоко ниво на вештини.

По дизајнирањето на профилот, тимот ја разгледа можноста за реализирање на пилот програма во овој сектор како дел од ЕУ Твининг проектот. Многу опции беа презентирани при дефинирањето на целите на обуката, крајните корисници, можната организација, итн.

Штип, исто така се одржа состанок со потенцијални партнери кои би можеле да бидат тренинг провајдери за пилот програмата.Заклучокот од овој состанок е дека пилот програмата која одговара на потребите на текстилната индустрија е изводлива. Дизајнот на обуката треба да се заврши пред започнувањето на пилот програмата која ќе ја менаџира Центарот за образование на возрасни.

Сите овие активности ги изврши ЦОВ, користејќи ја методологијата која је пренесоа француските експерти од Твининг проектот.

takim

Семинар за партнерство – процеси и напредок

На ден 15.11.2012 год. во просториите на Занаетчиска комора –Скопје,Центарот за образование на возрасните во рамките на ЕУ Твининг проект:”Подршка за градење на капацитетите на Центарот за образование на возрасните,развој на програми за образование на возрасни и програми за описменување и за дооформување на основното образование на исклучените лица” организираше “семинар за партнерство-процеси и напредок”.На семинарот присуствуваше и директорката на Центарот Г-ца Линдита Ќазими,која во своето обраќање на присутните им ја претстави историјата и мисијата на ЦОВ како и важноста на партнерството за поноатамошен развој и успех на ЦОВ.

Семинарот го водеше постојаниот твининг советник,Г.Жан-Лук Селие кој го презентираше партнерството во полето на доживотното учење како и пристапот применет од твининг проектот за воспоставување на партнерствата.

Краткорочните експертите од Франција Г-ѓа Колет Рамилиен и Г. Франсис Леви на присутните им ги презентираа резултатите од првите чекори во развивање на партнерства во ЦОВ. При тоа,тие го објаснија пристапот користен за проширување на мрежата на партнери на ЦОВ и нивната важност во изготвувањето и спроведувањето на пилот програмите за образование на возрасните.

seminar1 seminar2

restorant

Restauration and rehabilitation of traditional dwelling

Part of the Twinning Develop of Adult Education, the Centre for Adult Education launches a Pilot Programme leading to Skills certification focused on the Restoration and Rehabilitation of Traditional Dwelling. Our option is Training on Worksite in the surroundings of Skopje.

Our approach is competence- oriented, a third of the time devoted to the theory andtwo thirds to practice on-the-spot. The concept is learning by doing.

3 topics will be taught and certified:

  • Diagnosis of a decayed building, identification of damage, prescription of work to be done,
  • Site preparation and safety at work
  • Main technical activities to perform: timber framework, masonry, stone cutting, roofing.

This Vocational Training will provide a new qualification in the field of traditional skills and using natural materials available in the vicinity of the housing,taking into account the conditions of good comfort, energy saving, and sustainable development concerns.

And it can help to make some areas attractive for tourism and promotion of Macedonian identity.

This training will be offered to job seekers, experienced workers and beginners. Estimated start early February 2013.

The project will be manage by CAE and by a short term expert, Short Term Expert involved in Heritage Conservation in France.

It will be implemented by VET Zdravko Cvetkovsk, with the assistance of 2 macedonian experts, Lazar Sumanov and Petar Namicev.

b1 b2