Jавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Цвеќар (2 извршители)

Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15 и 30/2016) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Цвеќар (2 извршители). Read more

Работилница за стратешко планирање на Центарот за доживотно учење

На 8-ми и 9-ти март директорката на Центарот за образование на возрасните, Линдита Ќазими, учествуваше на работилницата за организационо јакнење и стратешко планирање на активностите на Центарот за доживотно учење. Со цел да се постигне јасна цел за позицијата на Центарот во 2020 година, во рамките на работилницата беше анализиран целокупниот досегашен  развој на образованието на возрасни во Република Македонија и  улогата на DVV International, односно Центарот за доживотно учење, во истиот.  Во процесот на планирање на идните цели беа земени во предвид сите тековни трендови кои влијаат на образованието на возрасни во Република Македонија, како и идните планови и стратегии на национално ниво во оваа област.

Со цел да се утврди улогата на Центарот за доживотно учење, како еден од клучните партнери во целокупниот систем на развој на образованието на возрасни во Република Македонија, на работилницата учествуваа и други претставници од Центарот за образование на возрасните, како и претставник од Отворениот граѓански универзитет Јошка Свештарот од Струмица.

Работилницата ја водеше германскиот експерт Јохен Тепфер,а истата беше поддржана од страна на DVV International.

Jавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Негувателка на деца

Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14,144/14, 146/15 и 30/16) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Негувателка за деца

(2 извршители).

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да имаат најмалку високо образование од областа;
  • да имаат најмалку 5 години работно искуство во настава во соодветната област или
  • најмалку 10 години работно искуство во соодветната област.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  1. Пријава за членови на комисии која треба да содржи:
    • име и презиме,
    • работно место,
    • адреса на работно место,
    • адреса на живеење,
    • телефонски број за контакт и
    • степен и вид на стекнатото образование;
  2. Кратка биографија.

Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на :

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр.13

1000 Скопје

или на е-пошта: contact@cov.gov.mk

со назнака за избор на надворешен соработник

рок од 10 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.

Публикуван на: 26.02.2016 година

Прием на апликации до: 06.03.2016 година

Обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот

ЈУ ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ – СКОПЈЕ

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година, за мерката Обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот, ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 24.02.2016 година, распишува

 

ЈАВЕН ОГЛАС

до

верификувани спроведувачи на обука (приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни учулишта и други верификувани спроведувачи на обуки)

ЈУ  Центар  за  образование  на  возрасните  –  Скопје  распишува  оглас  за  избор  на верификувани спроведувачи на обука (приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни учулишта и други верификувани спроведувачи на обуки) за   образование   на   возрасни   за   реализација   на   мерката  Обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на труд во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2016 година

На  Јавниот оглас може  да  се  пријават верификувани спроведувачи на обука кои ќе  ги  реализираат следниве програми по градови:

– Шивач – Скопје, Прилеп

– Кројач – Скопје

– Келнер – Скопје, Битола

– Готвач – Скопје, Битола

– Пекар – Скопје

– Рецепционер – Скопје

– Бравар – Велес

– Заварувач – Велес, Битола,

– Столар – Скопје, Куманово

– Ѕидар – Битола, Штип, Струмица

– Гипс-монтер – Штип, Струмица

– Дом мајстор – Скопје

– Ракувач со градежна механизација – Битола, Струмица

– Сервисери за машини за шиење – Штип, Берово

– Фризер – Скопје, Битола, Тетово, Штип, Струмица, Струга

– Изработувач и монтажер на градежна столарија – Куманово, Струмица, Штип, Битола

– Нега на стари лица – Скопје, Битола, Крушево, Струга, Штип, Струмица, Куманово, Кавадарци, Радовиш

– Стаклопластичар – Струга

– Металостругар – Скопје

– Металоглодач – Скопје

– Гумар – Скопје

– Фасадер – Скопје, Штип, Битола, Струмица

– Слаткар – Скопје

– Монтер и инсталатер на сончеви панели – Скопје

– Службеник во книговодство – Скопје, Куманово

– Туристичко-агенциски службеник – Скопје

– Шминкер – Битола, Тетово

– Педикир / маникир – Битола, Струга, Штип

– Козметичар – Скопје, Битола

– Филигранист – Скопје

– Изработувач на накит од злато – Скопје

– Млекопроизводител – Свети Николе.

 

Заинтересираните врификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:

–     да имаат добиено решение за верификација за горенаведената програма од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;

–     да имаат документ за регистрирана дејност – образование на возрасни;

–     да располагаат со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;

–     да  имаат добиено решение за верификација институција од Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.

 

Заинтересираните верификувани спроведувачи кои ќе бидат селектирани за изведување на обука ќе добијат 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице.

Пријавата  за учество во мерката може да се најде на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (www.cov.gov.mk) и заедно со потребната документација се доставува најдоцна до 31.03.2016 година до архивата на:

 

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје ул. Димитрие Чуповски бр. 13

1000 Скопје

Некомплетираните  и  ненавремено  доставени  документи  нема  да  бидат  земени  во постапка за одлучување.

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

Пријава за провајдер,Paraqitja (Овде може да ја симнете пријавата)

Јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Градинар (2 извршители).

Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 07/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14 и 146/15) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Градинар (2 извршители).

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да имаат најмалку високо образование од областа;
  • да имаат најмалку 5 години работно искуство во настава во соодветната област или
  • најмалку 10 години работно искуство во соодветната област.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  1. Пријава за членови на комисии која треба да содржи:
    • име и презиме,
    • работно место,
    • адреса на работно место,
    • адреса на живеење,
    • телефонски број за контакт и
    • степен и вид на стекнатото образование;
  2. Кратка биографија.

Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на :

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр.13

1000 Скопје

или на е-пошта: contact@cov.gov.mk

со назнака за избор на надворешен соработник

рок од 10 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.

Публикуван на: 18.02.2016 година

Прием на апликации до: 27.02.2016 година

Свеченото доделување на сертификатите на 1000 градежни работници за енергетска ефикасност

Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, заврши спроведувањето на процесот на препознавање (верификација) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници во Македонија за следните 5 занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации.

Иницијативата на Европската унија за градење на капацитетите на работниците во градежниот сектор беше со цел да се подготви и нашата земја во делот наквалификација и преквалификација на градежните работници, со акцент пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки или работно искуство во градежни претпријатија. Токму поради тоа, во рамките на проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ – (BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training – BEET – http://beet.mk/mk/), заврши процесот на сертифицирани тренери и градежни работници, и со тоа се постигнаа целите од приоритетите  на ЕУ Стратегијата 2020 за спроведување на енергетската ефикасност во градежниот сектор.

Конзорциумот одговорен за имплементација на овој проект во Република Македонија е составен од: Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот, Факултетот за електротехника и информациски технологии, ЈУ Центарот за образование за возрасни, Здружението на бизнис-консултанти „Креација“, Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД (Здружение на граѓани) и Факултетот за бизнис-економија од Скопје.

Свеченото доделување на сертификатите на 1000 градежни работници за енергетска ефикасност во 5 занимања, што ќе се одржи на 12 февруари 2016 година со почеток во 12:00 часот, во хотел Холидеј Инн Скопје.

Состанок со Г-ѓа Наташа Сивеска во просториите на ЦОВ

Во периодот од ноември 2012 до јуни 2013 година, околу 90 луѓе ќе бидат обучени, во шест различни места во Македонија  за стекнување на основни  вештини за писменост.

Различни групи на исклучени лица ќе бидат дел од овие програми за описменување( самохрани родители, младите во поправните домови и ромите).

textile

Во текот на првата недела од октомври, локалните тимови задолжени за  Пилот Програмите за описменување  работеа со експерти од ЕУ во Битола (СУМНАЛ), Прилеп (Мултикултурен Отворен Универзитет), Шуто Оризари( Ресурсен Центар на Ромите), Долнени (Општина Долнени),Велес(Воспитно поправен дом)и Топаана(СУМНАЛ).

Секој локален тим , составен од неколку обучувачи и координатор,  заедно со експерти од ЕУ го подготви методолошкиот пристап на обуката  како и документите што треба да се користат за време на обуката.

Втората недела од октомври, локалните тимови ќе учествуваат на обука за обучувачи во Скопје, со цел да ги усвојат педагошките материјали за образование на возрасните.

Информација за образование на возрасните во општина Чаир

Настан по поводот започнување со реализација на Програмата за образование на возрасни во Општина Чаир, кој ќе се одржи на 26-ти септември 2012 година во 12 00 часот, во просториите на СУГС Цветан Димов во Чаир.

Целта на оваа програма е да се оформи средното стручно образование во Општина Чаир, со што ќе се овозможи на учесниците од програмата да се стекнаат со одредена квалификација и со тоа да станат конкурентни на пазарот на трудот. Оваа праграма е продолжение на веќе започнатата иницијатива за дооформување на средно стручно образование, која во изминативе години се одвиваше во општина Арачиново.

На настанот ќе присустуваат директорката на Центарот за образовавие, г-ѓица Линдита Ќазими, градоначалникот на општина Чаир г-дин Изет Меџити, директорот на СУГС Цветан Димов г-дин Шаип Зенели и преставник од Министерство за образование и наука.

 

 

Пилот програми за описменување

Во периодот од ноември 2012 до јуни 2013 година, околу 90 луѓе ќе бидат обучени, во шест различни места во Македонија  за стекнување на основни  вештини за писменост.

Различни групи на исклучени лица ќе бидат дел од овие програми за описменување( самохрани родители, младите во поправните домови и ромите).

texti

Во текот на првата недела од октомври, локалните тимови задолжени за  Пилот Програмите за описменување  работеа со експерти од ЕУ во Битола (СУМНАЛ), Прилеп (Мултикултурен Отворен Универзитет), Шуто Оризари( Ресурсен Центар на Ромите), Долнени (Општина Долнени),Велес(Воспитно поправен дом)и Топаана(СУМНАЛ).

Секој локален тим , составен од неколку обучувачи и координатор,  заедно со експерти од ЕУ го подготви методолошкиот пристап на обуката  како и документите што треба да се користат за време на обуката.

Втората недела од октомври, локалните тимови ќе учествуваат на обука за обучувачи во Скопје, со цел да ги усвојат педагошките материјали за образование на возрасните.