На 1 ноември 2012 година, во Штип, во просториите на Астибо Фешн Груп (АФГ) кои ги обезбеди директорот на АФГ и претседател на Текстилната трговска асоцијација г. Венцислав Филипов.На состаноците присуствуваа г-ѓа Наташа Сивевска, Извршен директор на Текстилната трговска асоцијација, г-ѓа Емилија Ивановиќ, Центар за образование на возрасни, г. Франсис Леви, краткорочен експерт, г-ѓа Гордана Мирчевска, толкувач на Твининг проектот и г. Лазо Шопов, експерт за одржување на машини за шиење.

stipЦелта на состанокот беше дизајнирање на профил на добар механичар за одржување зашто многу компании ја искажаа потребата за техничари со повисоко ниво на вештини.

По дизајнирањето на профилот, тимот ја разгледа можноста за реализирање на пилот програма во овој сектор како дел од ЕУ Твининг проектот. Многу опции беа презентирани при дефинирањето на целите на обуката, крајните корисници, можната организација, итн.

Штип, исто така се одржа состанок со потенцијални партнери кои би можеле да бидат тренинг провајдери за пилот програмата.Заклучокот од овој состанок е дека пилот програмата која одговара на потребите на текстилната индустрија е изводлива. Дизајнот на обуката треба да се заврши пред започнувањето на пилот програмата која ќе ја менаџира Центарот за образование на возрасни.

Сите овие активности ги изврши ЦОВ, користејќи ја методологијата која је пренесоа француските експерти од Твининг проектот.

Напишете коментар