Фризер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата “Фризер” е насочена кон стручно оспособување на учесникот од областа на фризерството. Стекнатите вештини ќе му помогнат на учесникот полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Главна цел на програмата е учесникот по завршување на програмата да биде способен да организира простор и работа во салон, подготвува клиент, мие и регенерира коса и скалп, потстрижува коса, обликува, фенира и ондулира, подготвува коса за боење и белење, бои, бели и шатира.
Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални, демонстрирање, практична работа – вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).
Оценувањето на постигањата на учесникот ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.
Структурата на програмата за “Фризер ” е следна:
• стручно-теоретски дел,
• практична работа и
• проверка на постигањата на учесникот (завршен испит).
1. Стручно-теретскиот  дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл.Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование,  VII/1 степен, со завршени студии по  медицина.
2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремена фризерска работилница (салон), а со учесникот ќе работи фризер ментор  со повеќегодишно работно искуство.
3. Третиот дел од програмата за  фризер е проверка на постигањата на учесникот или завршниот испит.
Учесникот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за Фризер.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за фризерство

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години.
Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).
Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

30

Пракса

125

Оценување

0

Вкупен број на часови

155

Датум на верификација

06/12/2019

-

ШМИНКЕР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content