Главна цел на програмата е учесникот
да стекне знаења, вештини и компетенции за управување со дигалка и манипулација со различни видови товар.
Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 48 часа теоретска обука, 168 часа се практична обука во реални работни услови и 24 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука се одвива во училница со потребна современа опрема за изведување на настава. Практичната обука се изведува во работилница со соодветен простор за изведување на обуката.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тестирање после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Ракувач на дигалка – Мостен Кран / Кран со столб или кула“.