ПРOГРАМЕР ВО JAVA

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на програмирање во JAVA.
На почеток ќе се разгледа структурното програмирање, за да во вториот дел се помине на објектно програмирање во JAVA.
Се започнува со изработка на наједноставни програми, за да до крај на курсот се прават посложени програми.
Целокупната обука ќе се одвива во училници опремени со компјутери на кои има инсталирано некој од програмските едитори за JAVA.
Ќе се изработат голем број практични програми кои се осмислени специјално за потребите на програмата.
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.
Времетраење на програмата е 110 часа: 48 часа се посветени на теоретска настава, 54 часа се практична обука, а 8 часа се посветени на оценување.
Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење – писмено (на теоретскиот дел) и изработка на програми директно на компјутер (на практичниот дел).
На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој исто така има писмен (теоретски) и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.
По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат „ПРОГРАМЕР ВО JAVA“.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

– Завршено средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

48

Пракса

54

Оценување

8

Вкупен број на часови

110

Датум на верификација

08/07/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content