Производител на леб, бурек и бели печива

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за занимањето Производител на леб, бурек и бели печива е во времетраење од 300 часа и се темели на стандардите за занимањето чии компетенции се постигнуваат преку стручно теоретски содржини и практична обука. Содржините од стручната теорија се реализираат во времтраење од 65 часа и се изведуваат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во работилници за производство на леб, бурек и бели печива. Практичната обука е во времетраење од 205 часа, а оценувањето ќе се реализира во времетраење од 30 часа. Обуката по програмата се изведува од искусни обучувачи од областа на производство на леб, бурек и бели печива. Програмата се реализира преку следните тематски целини: Организација и подготовка на работното место, Микробиологија на храна и санитација, Суровини во пекарството, Производство на леб, Производство на бели печива, Производство на пита, бурек и лиснато тесто, Изработка на квасни теста за пржење и Бизнис и права од работен однос. По успешното завршување, учесникот се стекнува со сертификат по верификувана програма од ЈУ Центар за образование на возрасните.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

 

Учесникот по успешното завршување на програмата ќе може да работи како пекар во пекарска индустрија или да се самовработи со отворње на пекара за производство на леб, бурек и бели печива. Учесникот ќе изведува технолошки фази за различни видови на леб, бурек, пити, лиснато тесто и пржено тесто, ќе користи машини и уреди за наведените фази, ќе ги одржува апаратите и приборот со кои ќе работи, ќе води грижа за квалитетот на производот и запазување на прописите за работа со прехранбени производи, ќе применува хигиено технички мерки за лична и заштита на работната средина, ќе користи стручна терминологија, ќе ги познава правата од работен однос и водење на сопствен бизнис, постојано ќе се усовршува и надградува. По успешно завршување на програмата, учесникот ќе се стекне со Сертификат по верификувана програма од верификувана Установа за образование на возрасни.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

 

Завршено основно образование, возраст над 15 години и санитарна книшка.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

65

Пракса

205

Оценување

30

Вкупен број на часови

300

 

Учесникот по успешното завршување на програмата ќе може да работи како пекар во пекарска индустрија или да се самовработи со отворње на пекара за производство на леб, бурек и бели печива. Учесникот ќе изведува технолошки фази за различни видови на леб, бурек, пити, лиснато тесто и пржено тесто, ќе користи машини и уреди за наведените фази, ќе ги одржува апаратите и приборот со кои ќе работи, ќе води грижа за квалитетот на производот и запазување на прописите за работа со прехранбени производи, ќе применува хигиено технички мерки за лична и заштита на работната средина, ќе користи стручна терминологија, ќе ги познава правата од работен однос и водење на сопствен бизнис, постојано ќе се усовршува и надградува. По успешно завршување на програмата, учесникот ќе се стекне со Сертификат по верификувана програма од верификувана Установа за образование на возрасни.

Датум на верификација

22/04/2019

Тетово

ФРИЗЕР

ЗАВАРУВАЧ

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content