Програмата за обука Неговател/ка на стари лица претставува посебна прогарма за преквалификација или доквалификација со стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите за давање на услуги во здравствени и домашни установи на стари лица кои поради возраст, хронични болести и други причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе.
Посебната програма опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 240 единици за обука (една единица е еквивалент на еден наставен час).
Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребни знаења предвидени во содржината на предметите.
Со практичниот дел од програмата се предвидува стручно-работно оспособување на кандидатите за пружење на соодветна нега и помош на старите лица при физиолошки постапки, исхрана, декубитални повреди,лична нега, мерење на витални знаци и хигиена во здравствени и домашни установи како и самостојно изведување на работните задачи и визуелна контрола.