Во периодот од ноември 2012 до јуни 2013 година, околу 90 луѓе ќе бидат обучени, во шест различни места во Македонија  за стекнување на основни  вештини за писменост.

Различни групи на исклучени лица ќе бидат дел од овие програми за описменување( самохрани родители, младите во поправните домови и ромите).

texti

Во текот на првата недела од октомври, локалните тимови задолжени за  Пилот Програмите за описменување  работеа со експерти од ЕУ во Битола (СУМНАЛ), Прилеп (Мултикултурен Отворен Универзитет), Шуто Оризари( Ресурсен Центар на Ромите), Долнени (Општина Долнени),Велес(Воспитно поправен дом)и Топаана(СУМНАЛ).

Секој локален тим , составен од неколку обучувачи и координатор,  заедно со експерти од ЕУ го подготви методолошкиот пристап на обуката  како и документите што треба да се користат за време на обуката.

Втората недела од октомври, локалните тимови ќе учествуваат на обука за обучувачи во Скопје, со цел да ги усвојат педагошките материјали за образование на возрасните.

Напишете коментар