Во рамки на активностите на Националните координатори за спроведување на Европската агенда за образование на возрасните, во периодот ноември 2017 – декември 2019 година, Центарот за образование на возрасните како национален координатор, го спроведува проект „Работен план на националниот координатор за учење на возрасните: Македонија“ (National Coordinator for Adult Learning Work Plan: Macedonia). Поконкретно, во рамките на проектот предвидено е да се реализираат следниве активности:

Во рамките на проектот  една од активностите за спроведување на проектот е студиски посети се со цел да се анализираат најдобрите пракси од земјите на ЕУ.

Во период од 06.10.2019 до 10.10.2019 се реализираше студиска посета во Букурешт,Романија каде се реалзираа неколку состаноци и тоа со: Маријана Матаке – Претседател на Здружението Euro Adult Education Association, Национален орган за квалификации, Центар за ВНИУ – ”AsociatiaInapoi la muncă” (ASIM).