Во периодот од мај 2020 година до јуни 2021 година ЈУ Центар за образование на возрасните, во соработка со проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк), СУГС „Лазар Танев“ – Скопје реализираше активности поврзани со процесот на пилотирање на Валидација на неформално и информално учење за квалификацијата Келнер.

Пилотирањeто на Валидацијата во неколку етапи се одвиваше во СУГС „ Лазар Танев“ – Скопје.

Процесот на валидација на неформалното и информалното учење успешно го поминаа седум кандидати келнери со долгогодишно искуство. Кандидатите ги покажаа своите знаења, вештини и компетенции од областа со која се занимаваат и преку признавање на истите се стекнаа со сертификат за квалификацијата Келнер.