Директорот на ЦОВ г-а Линдита Ќазими присуствуваше на манифестацијата „Денови на занаетчиството Скопје“ одржана на 27.04.2017,манифестацијата беше организирана од страна на Занаетчиска комора а финансирана од страна на Министерство за економија.

Целта на манифестацијата „Денови на занаетчиството Скопје“ е да го промовира занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги, да го доближи занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите, да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за квалификација и оспособување на идниот занаетчиски кадар и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност.

Leave a Reply