Setup Menus in Admin Panel

(Mk) Јавен оглас за Ангажирање на преведувач за превод на материјали на албански јазик(100 страни),за потребите на проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

за Ангажирање на преведувач за превод на материјали на албански јазик (100 страни),  за потребите на проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на преведувач за превод на материјали на албански јазик (100 страни),  за потребите на проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење (1 извршител).

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да имаат најмалку високо образование од областа – Филолошки факултет, катедра на Албански јазик,
  • да имаат искуство во превод на материјали од македонски јазик на албански јазик, кое ќе биде наведено во кратката биографија.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  1. Пријава која треба да содржи:
    • име и презиме,
    • адреса на живеење,
    • телефонски број за контакт и
    • степен и вид на стекнатото образование;
    • цена по страна за превод на материјали од македонски јазик на албански јазик.
  2. Кратка биографија;
  3. Копија од диплома за завршено образование.

Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр.13

1000 Скопје

или на е-пошта: contact@cov.gov.mk

со назнака за избор на преведувач за превод на материјали на албански јазик

во рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.

Публикуван на:08.11.2018 година

Прием на апликации до: 12.11.2018 година

Thursday November 8th, 2018
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support