OПЕРАТОР И ОДРЖУВАЧ НА СОВРЕМЕНИ МАШИНИ ЗА ИНЈЕКЦИОНО ВБРИЗГУВАЊЕ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Цели на програмата
Остварувањето на основните цели поставени со оваа програма:
– развој на нови и млади стручни кадри кои се недостаток во индустријата
– усовршување и унапредување на знаењата на веќе искусните кадри во областа на производство на делови од пластика и управување и работа на современи машини за инјекционо вбризгување во индустријата.
– стекнување знаења и усовршување на лица кои поради пандемијата останаа без работа во други сектори и со тоа стекнување вештини барани на пазарот
– обучување на кадри кои се според барањата на фирмите вклучени во програмата
Пренесувањето на знаењата и презентациите на материјалите преку ангажирање универзитетски професори и соработници пред се од МФС кои имаат долгогодишно искуство во оваа област и учество на професионалци од праксата како ментори при обуките кои ќе се реализираат во претпријатијата. Програмата е наменета за повеќе типови на целни групи, каде што, за секој од нив се наоѓа соодветно место и се споделува доволно знаење и искуство.
Објаснување на програмата
Програмата ќе биде во времетраење од 6 месеци и содржи 3 модули. Секој модул ќе се реализира редоследно според предвидениот фонд на часовии после што ќе се изврши проверка на знаењата со предвиден завршен испит. Последниот месец на крајот на 3-тиот модул е предвиден за практична обука и работа во претпријатија кои се подржувачи на програмата. Праксата ќе се изведува секој работен ден од месецот, по 8 часа во претпирајтието.
Во текот на дефинирање на насловите и содржината на модулите направени се консултации со фирми кои работат во областа опфатена со програмата. За успешно реализирање на наставата определени се координатори на секој од модулите. Координаторите на модулите организираат подготовка на наставни материјали, проследени со Power point презентации како и испитни прашања за проверка на знаењето на слушателите.
Програмата е од типот на кооперативни обуки. Според тоа програмата за кооперативна обука ги вклучува следните активности: (1) време за теоретски лекции во училница, (2) време за обука за практични вештини во лабораториите и работилниците на факултетот, и (3) време за обука поврзана со работниот процес во претпријатието
Проверката на знаењата вклучува: проверка на знаењата преку тест (на крајот од секој модул), проверка на знаењата преку успешно изведување на практични вежби во лабораторија (во текот на изведувањето на лабораториските вежби), проверка на знаењата преку успешно завршување на практичните обуки во фирмите подржувачи на програмата (на крајот од секој модул) и завршен испит на кој кандидатите ќе имаат самостојана работа на реален индустриски проблем (на крај од програмата).
Наставата во образовната институција ќе се изведува во времетраење од 6 часа неделно (два дена по три часа), според претходно доставен распоред. Практичната настава ќе се изведува во фирми според претходно доставен распоред за динамика на работа (минимум 20 работни денови по 8 саати)
Проверката на знаењето ќе се одвива после завршувањето на секој модул, од комисија составена од наставниците и експертите од практиката координатори на програмата од претпријатието.
Сертификат
Предвидено е кандидатите, кои успешно ќе ја реализираат програмата и ќе покажат соодветно ниво на знаење на крајниот испит, да добијат:
Сертификат за „OПЕРАТОР И ОДРЖУВАЧ НА СОВРЕМЕНИ МАШИНИ ЗА ИНЈЕКЦИОНО ВБРИЗГУВАЊЕ“ според пропишаниот стандард на ЈУ Центар за образовнаие на возрасни.
Релевантноста на програмата за потребите на пазарот на трудот
Формирањето на програмата со наслов “OПЕРАТОР И ОДРЖУВАЧ НА СОВРЕМЕНИ МАШИНИ ЗА ИНЈЕКЦИОНО ВБРИЗГУВАЊЕ” е на барање на индустриите кои секојдневно се соочуваат со недостаток на стручни кадри од областа на инјекционо вбризгување во однос на управување на машини и контрола на производните параметри во процесот.
Целни групи:
Лица за кои би важеле овој тип на надоградување на знаењата и доусовршување, се следните групи:
– почетници инженери во областа (млади студенти кои сакаат да се усовршуваат во областа на производство на делови од пластика).
– инженери или оператори кои поради побарувачката на индустриите преоѓаат од други оддели во оддел за производство на делови од пластика.
– невработени со завршено четиригодишно средно образование, желба за работа во областа производство на делови од пластика (поради зголемената побарувачка на пазарот на трудот).
– оператори на процес.
– раководители на процес.
– инженери за одржавање на опремата.
– инженери – проектанти.
– стручни советници за производство и процес.
– Работници со завршено четиригодишно средно образование на кои им е потребно стручно усовршување во областа.
Сите спомнати целни групи, наоѓаат соодветно место во стручната програма за доусовршување и освежување на знаењата од наведената област. Секој би можел да се најде во соодветен дел затоа што надоградувањето на знаењата е двигател на економијата на државата.

Верификацијата истекува во мај 12, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено средно образование или без средно образование со минимум работно искуство од 5 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

88

Пракса

192

Оценување

Вкупен број на часови

280

Датум на верификација

12/05/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content