ФРИЗЕР ЗА ЖЕНИ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата Фризер за жени има за цел обука на возрасни лица за стекнување на знаења и вештини за занимање од областа на фризерството.

Основа за изработка на програмата е стандард на занимање Фризер

Реализацијата на програмата е преку теоретски часови, практична обука и проверка на знаењата и вештините на учесниците. Теоретскиот дел се реализира во соодветно опремена училница/кабинет, а практичната обука се реализира во фризерски салон опремен според барањата на стандардите за вршење на дејноста.

Оценување и вреднување на постигањата на секој учесник во програмата ќе се изведува тековно и на завршен испит.

Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со сертификат за работна оспособеност “Фризер за жени”.  и ќе биде оспособен за самостојно организирање на простор и работа, организира  сопствена работа, подготвување салон и клиенти за фризерски третман, советување клиенти, изведба на  фризерски третмани,  примена на деловна комуникација со клиенти, водење евиденција и подготвување пресметки за работата,  познавање правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис и почитувње работна етика и морал, применување на санитарно технички норми за заштита на животната и работната средина и интерес за напредување во професијата.

Програмата Фризер за жени нуди можност за напредување на учесникот во други обуки или повисоки нивои на квалификации од областа на фризерството.

Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 59 часа се стручна теорија, а 191 часа се практична обука во реални работни услови. Термините во кои ќе се реализира програмата се договараат со учесниците.х

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование и возраст на учесникот над 15 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

59

Пракса

191

Оценување

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

17/01/2020

-

Шминкер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content