Службеник во сметководство

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Службеник во сметководство.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Службеник во сметководство“.

Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 75 часа теоретска обука, 150 часа се практична обука во реални работни услови и 25 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука ќе се реализира во училница/кабинет, а практичната обука се одвива во простории опремени за реализација на обуката преку практични вежби од сметководствени работи. Практичната обука се реализира преку реални вежби од: работа на документација од трговски друштва  кои се занимаваат со производство и трговија; набавка и продажба на стока и услуги и сите промени што овозможува учесникот административно за време на обуката да прати и операционализира промени во потребни сметководствени процеси почитувајќи ја законската регулатива, да соработува  со останатите вработени и тимот,  деловните партнери, институциите и/или клиентите со кои ќе разменува информации важни за ефикасно  извршувањето на работата, и ќе биде овозможена  квалитетна комуникација со клиентите и деловните партнери, заштита на работната и животната околина.

Вреднувањето на постигањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнатите вештини и компетенции.

По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат „Службеник во сметководство“.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

  • изведува работи од сметководственото работење во трговски друштва од производна и трговска дејност;
  • планира, организира и контролира активности од сметководствената работа;
  • користи информатички систем за сметководство;
  • евидентира сметководствени настани врз основа на влезна и излезна документација;
  • води деловни книги и пресметковни работи за трошоците;
  • ликвидира влезни и излезни документи;
  • изготвува годишна сметка и основни финансиски извештаи;
  • доставува информации за интерна и екстерна контрола и интени и екстерни корисници;
  • почитува и применува пропишана законска регулатива и стандарди;
  • работи тимски и користи средствата за работа;
  • се грижи за безбедност, здравје и заштита на животна средина.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум завршено средно образование и возраст од најмалку 15 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

75

Пракса

150

Оценување

25

Вкупен број на часови

250
  • изведува работи од сметководственото работење во трговски друштва од производна и трговска дејност;
  • планира, организира и контролира активности од сметководствената работа;
  • користи информатички систем за сметководство;
  • евидентира сметководствени настани врз основа на влезна и излезна документација;
  • води деловни книги и пресметковни работи за трошоците;
  • ликвидира влезни и излезни документи;
  • изготвува годишна сметка и основни финансиски извештаи;
  • доставува информации за интерна и екстерна контрола и интени и екстерни корисници;
  • почитува и применува пропишана законска регулатива и стандарди;
  • работи тимски и користи средствата за работа;
  • се грижи за безбедност, здравје и заштита на животна средина.

Датум на верификација

13/09/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content