Службеник во сметководство

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

 

Програмата е наменета за кандидати кои сакаат да ги оформат, прошират или комплетираат своите знаења од областа на финансиите и сметководството. Се одвива низ практични примери за книжења кои се јавуваат во реалната работа, а истите се изведуваат во ЕРП Софтвер кој има голема примена во стопанството на Северна Македонија.

Документите на кои се работи, креирани се специјално за намената на оваа обука. Не се работи за официјална документација на ниту една компанија.

Низ примерите за практична работа, се согледува најголемиот дел од финансиските книжења кои можат да се јават во практиката.

Начинот на кој е постигната практичната работа, е преку следење на книжењата на една компанија, која е носител на активностите, од почеток до крај на една финансиска година.

Така, се добиваат практични примери кои се јавуваат и во реалноста, се прават пријави на даноци, и се комплетира работата на еден сметководител кога станува збор за водење на правен субјект од аспект на законот и сметководството.

По завршувањето на обуката, кандидатот:

-практично ги применува стекнатите знаења во работењето на струката

– запознаен е со стручната терминологија на работата

– стекнатите вештини ги користи како дел од својата работна пракса, а заради практичната примена на софтверот, може да се смета и за комплетно обучен за работа во комании каде што се користи овај ЕРП Софтвер

Во текот на наставата се користат наставни средства и помагала опишани во точка 7.

Кандидатите се оценуваат преку следење на нивните знаења во текот на целата обука, како и преку практично решавање на задачи од материјалот за кој се обучуваат, на крајот на секој модул

Верификацијата истекува во јули 30, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено средно четиригодишно или високо образование од областа на економијата, правото или администрација

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

59

Пракса

92

Оценување

0

Вкупен број на часови

151

Датум на верификација

30/07/2021

Битола

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content