РАКУВАЧ НА ВИЉУШКАР

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за управување со виљушкар за манипулација со различни видови стоки.
Времетраењето на програмата е 160 часа од кои 40 часа теоретска обука, 120 часа се практична обука во реални работни услови од кои 16 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука се одвива во училница со потребна современа опрема за изведување на настава. Практичната обука се изведува во работилница со соодветен простор за изведување на обуката.
Учесникот во програмата ќе се оспособи да планира, организира и извршува работни задачи за подигање и транспорт на стока со различни видови виљушкари, рационално да ги користи опремата и времето, да комуницира со претпоставените и корисниците на услуги, да ги почитува правилата и прописите во внатрешниот транспорт; да ги одржува во исправна состојба виљушкарите; чита ознаките на амбалажата на стоката; да води и издава потребна документација за изведените работи, квалитетно да извршува работа, применува правила за безбедност при работа, здравје и лична заштита и заштитата на работната околина,
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на стекнатите знаења преку тестирање кое се спроведува после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука се проверуваат стекнатите вештини. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Ракувач на виљушкар“.

Верификацијата истекува во мај 4, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесници во програмата можат да бидат лица кои:
– имаат зaвршено основно образование и
– се над 18 годишна возраст,
– поседуваат возачка дозвола од „Б“ категорија.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

120

Оценување

Вкупен број на часови

160

Датум на верификација

04/05/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content