Ракувач на виљушкар

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи, Ракувач на виљушкар.
Програмата за Ракувач за виљушкар е во времетраење од 3 месеци.
Програмата се состои од 178 часови, се реализира преку теоретски дел од 40 часови, практичен дел од 119 часови и 19 часови за оценување и самоевалуација.
Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на модулите кои се составен дел од програмата.
Практичната настава се реализира преку демонстрирање на употребата на виљушкар, практична примена на виљушкарот на обезбедени локации и магацински простор и простории за товар и растовар, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на виљушкарот.
Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од модулите кои се составен дел од програмата.
Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување на виљушкарот на соодветна локација, магацини и простории за товарање и истоварање.
Програмата ја спроведува тим на искусни инжинери од соодветната област (сообраќај и машинство) и квалификувани ракувачи на виљушкар со најмалку пет години работно искуство.
По успешно завршување на теоретската и практичната настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Ракувач на виљушкар.

Верификацијата истекува во април 20, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата да имаат завршено најмалку основно образование и да поседуваат возачка дозвола од Б категорија.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

119

Оценување

Вкупен број на часови

178

Датум на верификација

20/04/2021

Неготино

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content