Ракувач на автодигалка

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

 

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи на занимањето Ракувач на автодигалка.

Програмата за Ракувач на автодигалка е во времетраење од 3 месеци.

Програмата се состои од 184 часови, се реализира преку теоретски дел од 35 часови, практичен дел 129 часови  и 20 часови за оценување и самоевалуација.

Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала при што учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.

Практичната настава се реализира преку демонстрирање на употребата на автодигалка, како и практична примена на автодигалка од страна на учесниците, на обезбедени локации, магацински простории и простории за товарање и истоварање, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на автодигалка.

Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку одржување на испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини кои се составен дел на програмата за обука.

Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување на автодигалката на соодветна локација. Програмата ја спроведува тим на искусни инженери од соодветната област (сообраќај и машинство) и квалификувани ракувачи на автодигалка со минимум 5 години работно искуство.

По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, вештини и знаења за извршување на работата Ракувач на автодигалка.

По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Ракувач на автодигалка.

 

Верификацијата истекува во април 20, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата да имаат завршено најмалку основно образование и да поседуваат возачка дозвола од Б категорија.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

35

Пракса

129

Оценување

0

Вкупен број на часови

164

Датум на верификација

20/04/2021

Неготино

Ракувач на виљушкар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content