Претприемништво и менаџмент за извршни директори

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за претприемништво и менаџмент за извршни директори е посебна програма за образование на возрасните наменета за менаџментот во компаниите со цел истите да развијат знаења, вештини и ставови за претприемништво и менаџмент. Програмата се состои од 8 модули кои ги покриваат сите сегменти на бизнис меанаџмент и со кои постојните и идните претприемачи и менаџери ќе ги развијат своите вештини, знаења и компетенции за водење на бизнис во сите негови сементи –  бизнис стратегии, бизнис планирање, менаџмент на промени, финансии, оперативен менаџмент, иновации и технолошки развој, маркетинг и продажби, менаџмент на човечки ресурси и лидерство базирано на вредности.

Целта за иницирање на оваа посебна програма потекна одтаму што во регионот на Источна Македонија нема институција која обучува менаџери, посебно во делот на меки вештини, а исто така идентификуван е и недостиг на менаџерски капацитети за компаниите во регионот.  Со оваа програма ќе се развијат материјали за учење  и ќе се спроведува практична настава, како и предавања од страна на професори, практичари од земјава и од странство, видео презентации на искуства во разни сегменти на претприемништво и менаџмент.

Обуката е во делот на доживотно учење со која потенцијалните учесници ќе развијат најнапредни, специјализирани знаења и вештини  за претприемништво и менаџмент, вклучувајќи и синтеза и евалуација кои се потребни за решавање на критични проблеми.

Со оваа обука учесниците ќе развијат и когнитивни вештини за логично, интуитивно и креативно размислување како и со зајакнување на нивниот авторитет, ориентираност кон креативно размислување и развој на иновации, развој на нивниот професионален интегритет и ориентација кон развој на нови идеи и процеси кои се напредни во контекст на нивната работа.

Верификацијата истекува во јули 22, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено тригодишно или четиригодишно високо образование (180 или 240 ЕКТС од претходно образование)

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

96

Пракса

112

Оценување

0

Вкупен број на часови

208

Датум на верификација

22/07/2021

Виница

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content