Помошник готвач

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

 

 

 

Главната цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за помошник готвач во угостителски објект. Програмата ги опфаќа сите помошни работи и техники на готвење. Оваа програмата овозможува работно оспособување за Помошник готвач во угостителски објект и опфаќа  стручно теоретски содржини и практичната обука.

По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи самостојно да изготвува помошни работи во кујната, да ја  подготвува и  организира својата работа, врши подготовка и приготвува прехранбени продукти во различни видови готварски производи, супи и  чорби, основни сосови и  фондови, варива и гарнири, салати, да работи во согласност со нормативите, да извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, да ги познава правата од работен однос, комуникација со соработници и сл.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот да има завршено најмалку основно образование

Возраст над 18 години, психофизички здрав и да поседува уреден санитарен преглед

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

24

Пракса

48

Оценување

Вкупен број на часови

72

Датум на верификација

16/12/2019

-

Скопје

Бармен

Сомелиер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content