Пекар-изработувач на печива

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата ,,Пекар-Изработувач на печива,,е насочена кон стручно оспособување на кандидати од областа на пекарството и стекнување со вештини кои ќе им помогнат за полесно вработување како и конкурентност на пазарот на трудот.

Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи,вербали (усноизразувачки,разговори),визуелни (демонстративни) кои ќе им овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Во текот на обуката ќе се применуваат различни наставни средства. Оценувањето на постигнувањето на кандидтатите ќе се прави преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука преку тестови на знаења на одредени тематски целини како и сегменти и пракса-вежби.

Структурата на програмата,,Пекар-Изработувач на печива,, е следната:

-теоретски дел,

-практичен дел

-проверка на постигањата на кандидатите (оценување)

1.Теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во соодветни простории опремени со комјутери,интернет, аудио и видео опрема .

Теортескиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование VII/1 степен,наставник со завршени студии по прехранбено-биотехнолошко инженерство

Практичниот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со работно искуство во пекарство.

2.Практичниот дел од обуката ќе се се релизира во соодветно опремен кабинет по практична настава пекарство или некој пекарски објект

3.Третиот дел од обуката е проверка на постигањата на кандидатите односно оценување

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши програмата се здобива со сертификат ,,Пекар-Изработувач на бели печива,,

Верификацијата истекува во јули 14, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Потенцијалните учесници во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции.
Треба да имаат завршено најмалку основно образование и да се на возраст над 15 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

110

Оценување

0

Вкупен број на часови

170

Датум на верификација

14/07/2021

Скопје

РАКУВАЧ СО ВИЉУШКАР

Фризер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content