Оператор за 3Д печатење на бетон

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

 

Програма за Оператор за 3Д печатење на бетон е дизајнирана за обука за користење на софтверска алатка (CAD) за дизајнирање и мапирање на производ што се произведува/печати. Покрај познавањето на софтверите потребни за дизајнирање, моделирање и печатење на производите, програмата обезбедува и стекнување на знаења и вештини за следење на целиот процес на извршување на зададената задача при печатењето на бетонот. Програмата ќе овозможи навремена подготовка за процесот на производство, вградување и соодветна нега на новите видови бетони, како и запознавање со процесот на можното рециклирање и повторна употреба на бетонот.

Програмата ќе се реализира преку теоретски часови кои можат да се изведуваат преку онлајн настава или со физичко присуство на учесниците и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со вештини за примена на софтверот за 3Д печатење на бетон и соодветна нега на новите видови бетони. Програмата е развиена врз основа на принципите на обуката за возрасни, со користење на методи и техники кои помагаат за развој на нови знаења и вештини.

Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани по завршувањето на секој модул, како и на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ќе ги стекнат потребните знаења, вештини и способности. Оценувањето за секој модул ќе се спроведе со комбинација на пишан, устен и практичен дел, со користење на портфолио на извршени задачи, евиденција од обучувачот за континуирано следење на работата на учесникот, Е-задача, Електронско портфолио, Е-тестови и други инструменти.

Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници. Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој учесник. Со успешно завршување на програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат за успешно завршена програма за Оператор за 3Д печатење на бетон.

Верификацијата истекува во мај 10, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

  • Завршено четиригодишно средно стручно образование од областите архитектура, градежништво, електротехника, комуникациски технологии и машинство,
  • Завршено високо образование од областите архитектура, градежништво, електротехника, комуникациски технологии и машинство,
  • Работно познавање и говорење на англиски јазик,
  • Работно познавање на софтверот AutoCAD 2Д,

Ориентираност кон доживотно учење и ориентација кон континуирано развивање на своите персонални и деловни способности

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

65

Пракса

135

Оценување

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

10/05/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content