МОНТЕР, ИНСТАЛАТЕР И ОПСЛУЖУВАЧ НА ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини, односно компетенции за монтирање, инсталирање и опслужување на фотоволтаични системи.

Пазарот на труд бара кадри кои ќе работат на фотоволтаични системи од причина што недостатокот на енергија продуцирана од конвенционални извори кој е присатен во целиот свет, не ја заобиколува и нашата земја. Трендот во последните години е наоѓање алтернативни можности за производство на енергија, а една од тие алтернативи е искористувањето на сончевата енергија. Оспособувањето на вакви кадри ќе овозможи пополнување на недостатокот со обучени човечки ресурси за монтирање, инсталирање и опслужување на фотоволтаични системи, како и оспособување на работна сила која ќе може да развива сопствен бизнис во ова подрачје.

Програмата „Монтер, инсталатер и опслужувач на фотоволтаични системи“ се состои од пет модули. Модулот 1. – Основи на електротехника, машинство и материјали третира стекнување базични знаења и вештини од технички аспект за законитостите во електротехниката и машинството потребни да бидат применувани за работа на фотоволтаични системи. Модулот 2. – Монтирање и инсталирање фотоволтаични системи третира стекнување знаења и вештини од процесен аспект за организација, монтажа и инсталација на фотоволтаични системи. Модулот 3. – Пуштање во работа и одржување фотоволтаични системи третира стекнување знаења и вештини од технички аспект за соодветно однесување према фотоволтаичниот систем при неговото користење. Модулот 4. – Квалитетна и сигурна работа на фотоволтаични системи третира стекнување знаења и вештини од процесно квалитативен аспект за осигурување на квалитет и постигнување висок степен на безбедност и заштита при работа на фотоволтаични системи. Модулот 5. – Администрирање и комуницирање при работа на фотоволтаични системи третира стекнување на знаења и вештини од аспект на потребно администрирање и соодветно комуницирање при работа на фофтоволтаични системи и претставува додадена вредност на Програмата во однос на оспособување на учесниците за самостојно водење на бизнис.

Времетраење на програмата е 350 часа при што 110 часа се програмирани за реализација на теоретската настава, а 240 часа за реализација на практичната настава. Изведбата на истата ќе биде во простории и услови соодветни за реализација на ваква програма.

Оценувањето и вреднувањето на постигнатоста на резултатите од учењето на учесниците ќе се врши врз основа на критериумите за оценување, и тоа, формативно во текот на реализацијата и сумативно на крајот од секој модул.

По реализација на програмата учесниците се стекнуваат со сертификат „Монтер, инсталатер и опслужувач на фотоволтаични системи“.

Верификацијата истекува во октомври 13, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено средно образование со минимум тригодишно времетраење (стручно образование за занимања)

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

110

Пракса

240

Оценување

0

Вкупен број на часови

350

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content