Маникир-педикир

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е да се оспособат лица над 15 години самостојно да  изведуваат услуги на клиентите за маникир и педикир. Програмата е прилагодена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Програмата е со времетраење од два месеци односно 175 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во козметички салон. Учесниците ќе стекнат знаење и умеење да подготват работен простор и работно место, да комуницираат со клиенти и со деловни партнери, да изведуваат техники на маникир и на педикир, да надградуваат и одржуваат нокти, да изведуваат декорација на нокти и да негуваат раце и нозе. Постигањата на учесниците се проверуваат тековно и на крај од програмата на завршен испит. .Учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит од практичниот дел се стекнуваат со Сертификат за Маникир-Педикир по верификувана програма.

Верификацијата истекува во јуни 14, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Наполнети 15 години

Минимум основно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

45

Пракса

130

Оценување

0

Вкупен број на часови

175

Датум на верификација

14/06/2021

Тетово

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content