Козметичар за маникир и педикир

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата овозможува обука на учесниците преку теоретска обука и практична работа да  се стекнат со знаења, вештини и компетенции кои ќе им помогнат по завршување на обуката самостојно да ги извршуваат работни задачи во козметички салон: подготовка и хигиена на работното место, набавка и евиденција на материјали за работа, административни работи поврзани со работата, како и работните задачи за МАНИКИР/ПЕДИКИР. Учесниците во обуката најпрвин ќе се запознаат со алатките/приборот кој се користи при извршување на работата маникир односно педикир, како и со начините на нивна правилна стерилизација, со што би се избегнало ширење и пренесување на инфекции помеѓу клиентите. Учесниците ќе се оспособат за вршење на работните задачи како што се масажа на дланка/ стапало,процес на нанесување на пилинг, ќе научат како се третираат заноктици, враснати нокти на стапала и различни видови на жуљеви. Учесниците ќе се стекнат и со знаења за правилна нега на кожа на раце, односно стапала. Ќе се обучат и како правилно да сечат, турпијаат, обликуваат и полираат нокти, односно како се изведува надградба на нокти со помош на типсови и вештачки нокти. Во текот на обуката ќе бидат обучени и за нанесување и надградба со гел, нанесување на гел лак. Ќе се запознаат и со начините на правилно турпијање при надградба на нокти, како се врши корекција на вештачки нокти и како правилно се одстрануваат типсови и надградби, односно како потоа се негува ноктот.Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обукa и води до стекнување на сертификат “Kозметичар за нега на раце и стапала, маникир/педикир”. Времетраењето на програмата е 105 часа од кои 20 часа теоретска обука,  76 часа се практична обука во реални работни услови и 9 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел  од програмата ќе се реализира три/3/ пати неделно, однапред договорено со учесниците  во програмата. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се реализираат во училница и во козметички салон. Програмата ќе се реализира преку задолжителни модули. Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.За секој учесник во програмата ќе се води портфолио. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат Козметичар за нега на раце и нозе; МАНИКИР/ПЕДИКИР

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област, да имаат завршено најмалку основно образование,со наполнети 15 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

15

Пракса

70

Оценување

10

Вкупен број на часови

105

Датум на верификација

16/12/2019

Скопје

ШМИНКЕР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content