Готвач

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за готвење во производните одделенија во угостителските објекти. Програмата ги опфаќа сите техники на готвење. Оваа програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект и опфаќа  стручно теоретски содржини и практичната обука.

По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи да ја  подготвува и ја организира својата работа, да составува листа на јадења и мени за редовните оброци и да приготвува прехранбени продукти во различни видови готварски производи, ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови, јадења од месо, риби, прилози, вегетаријански и национални јадења, салати, да ги сервира, декорира и ги испорачува јадењата во соодветни садови, да ја води и ја ажурира евиденцијата за работата во кујната, да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, да извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, да ги познава правата од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот да има завршено најмалку основно образование

Возраст над 18 години, психофизички здрав и да поседува уреден санитарен преглед

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

24

Пракса

58

Оценување

0

Вкупен број на часови

82

Датум на верификација

25/11/2019

-

Бармен

Сомелиер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content