Бармен

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за профилот бармен во угостителски објект. Барменот може да работи во низа објекти барови, ресторани, кафетерии, конференциски центри, сали за банкети, хотели или изнајмени кетеринг служби. Профилот опфаќа широк спектар на активности во делокругот на своите работни активности и активности на другите членови во тимот за време на зголемен обем на работа. Како специјалист, барменот ќе работи на шанк при што ќе прима и подготвува нарачки за алкохолни, безалкохолни пијалаци и барски мешавини. Тој/таа ќе обезбедува точни информации за алкохолните пијалаци, ќе подготвува, служи и складира алкохолни пијалаци на правилен начин со користење

на специјална опрема за правилна подготовка и служење на алкохолни пијалаци. Барменот, исто така, може да служи храна или претходно подготвени мезиња. Важен дел од улогата е развивање на угостителски вештини и познавање, како што се препознавање на потребите на клиентите, способност да се поврзат истите со производите и услугите во областа и работењето како дел од тим со цел да се осигури дека секој клиент, без оглед дали пие во бар или е послужен во ресторан или  хотел, се чувствува добредојдено.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот да има завршено најмалку основно образование

Возраст над 18 години, психофизички здрав и да поседува уреден санитарен преглед

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

24

Пракса

48

Оценување

0

Вкупен број на часови

72

Датум на верификација

16/12/2019

-

Сомелиер

Послужувач

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content