Аналитичар за проектирање на системи за користење на енергија од обновливи извори на енергија

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

 

Содржината на програмата за обука вклучува детален преглед на актулените познавања за системите за користење на енергија од обновливи извори на енергија, со опфаќање на актуелните материјали и техники за нивно инкорпорирање, основи на проектирањето, планирање на правилно инсталирање и одржување на сончеви колекторски и фотоволтаични системи, елементи од теоретски основи на процесите, карактеристики на компонентите и на системите и нивно димензионирање, како и еколошките аспекти, а обезбедува и соодветно запознавање со европските стандарди, техниките за мерење на енергетските  заштеди, како и постапки за заштита при работа.

Како резултат на програмата ќе се јават квалификувани инженери со вештини за проектирање на системи за користење на енергија од обновливи извори на енергија.

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини за системите за користење на обновливи иззвори на енергија.

Учесниците на оваа програма ќе се оспособат за самостојно користење на системите за користење на енергија од обновливи извори на енергија, со опфаќање на актуелните материјали и техники за нивно инкорпорирање, основи на проектирањето, планирање на правилно инсталирање и одржување на сончеви колекторски и фотоволтаични системи, елементи од теоретски основи на процесите, карактеристики на компонентите и на системите и нивно димензионирање, како и еколошките аспекти, а обезбедува и соодветно запознавање со европските стандарди, техниките за мерење на енергетските  заштеди, како и постапки за заштита при работа.

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.

Времетраење на програмата е 160 часа: 52 часа се посветени на теоретска настава, 104 часа се практична обука.

  • Теоретската настава ќе се одвива во кабинет опремен со ЛЦД проектор, компјутери и паметна табла, а практичната настава ќе се реализира во работилница опремена со материјали.
  • Ќе се изведат голем број практични вежби осмислени за потребите на програмата.
  • Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење – усмено и писмено (на теоретскиотдел) и со практични вежби кои се реализираат во работилница во согласност со наставната содржина.

На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој истотака има теоретски и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.

По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

 

Кандидатите треба да бидат постари од 20 години, дипломиран инженер од техничките факултети .

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

52

Пракса

104

Оценување

0

Вкупен број на часови

160

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content