РАКУВАЧ НА ВИЉУШКАР

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата Ракувач на виљушкар овозможува работно оспособување на учесникот односно стекнување на знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување со виљушкар и управување на виљушкарот на работното место. Програмата преку предвидената реализација на практичната и теоретската обука води до стекнување на Сертификат – „Ракувач на виљушкар“.
Теоретската настава се одвива во училници или кабинети под менторство на професор, а практичната обука ќе се изведува во реални услови/компанија.
Проверување на постигањата на учесниците во програмата ќе се реализира преку завршен испит. Завршниот испитот, исто така се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од програмата за обука.
Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување на виљушкарот на соодветна локација. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат – РАКУВАЧ СО ВИЉУШКАР

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесници во програмата можат да бидат лица кои:

– имаат завршено најмалку основно образование,

– поседуваат возачка дозвола од „Б“ категорија.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

125

Оценување

0

Вкупен број на часови

165

Датум на верификација

13/02/2020

-

ШМИНКЕР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content