ОПЕРАТОР ЗА ВЕБ ДИЗАЈН

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот активно да ги користи софтверите за графички и веб дизајн во функција на понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот.

Програмата овозможува учесниците да добијат знаење и вештини за графичко дизајнирање на брошури, флаери, логоа и дизајн, односно програмирање на веб сајт кој ќе биде атрактивен, едноставен за користење, добро структуриран и прегледен.

За да се стекнат потребните знаења и вештини планирани се 228 часа, кои може да се реализираат со динамика (5х4 часа неделно). Така планираните содржини од Програмата би се реализирале за период од околу 3 месеци).

Најпрво се дијагностицираат претходните знаења на учесникот со цел да се формираат покомпактни групи.

Програмата опфаќа содржини од областа на ИТ безбедност, графички и веб дизајн. Ќе се изучуваат програмите: Adobe (Photoshop, Illustrator), HTML5 + CSS3, JavaScript, WordPress програмирањe…

Вреднувањето на знаењата ќе се врши континуирано во текот на наставата:

– ќе се реализира формативно следење кое вклучува изработка и водење на портфолио на учесниците:

– собирање на показатели (изработени задачи на компјутер) за секој ученик посебно;

– тековни (формативни) однапред подготвени евалвациони листи за секој учесник.

– ќе се следи редовност на учесниците, активност на часот, исполнителност при изработка на домашни задачи и постигнувања на контролните тестови.

На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит. По завршвање на обуката, во зависност од постигнатите резултати учесниците ќе се стекнат со Сертификат ОПЕРАТОР ЗА ВЕБ ДИЗАЈН или само Потврда за посетување на обуката ако посетувале над 70% од планираните часови.

Учесниците ќе добијат одлична основа за:

–  понатамошно напредување и надоградба на знаењата со PHP програмирање,

–  да се вклучат на пазарот на трудот,

–  да работат во фирма или хонорарно,

–  да работат на проекти за странски фирми или во сопствена дизајнерска фирма.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниот во програмата ќе може да се запише ако има:

–  навршени 17 години со познавања од областа на информатиката MS Windows 10 + MS Word 2016+ Internet  (средношколци) ,

– завршено средно (или повисоко) образование со познавања од областа на информатиката MS Windows 10 + MS Word 2016+ Internet.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

78

Пракса

150

Оценување

22

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

04/11/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content