Монтер и инсталатер на сончеви панели

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за обука на монтер и инсталатер на сончеви панели претставува посебна програма за работно оспособување, стекнување знаења, вештини и способности на кандидатите кандидатите и истата опфаќа теоретски и практичен дел.

Главна цел е учесникот по завршување на програмата да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место,  практично да применува постапки за монтирање и ставање во функција арматурите за сончеви панели,дефинирање и избор на параметрите да организира сопствената работа, да организира простор и работа во работилница, рационално да ги користи материјалите, да води грижа за сопствената и безбедноста на останатите вработени, да води евиденција и подготвува пресметки за работа,да ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис.

Теоретскиот дел е со содржини со кој кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици  и ќе се реализира во училница опремена за теоретска настава со целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручно теоретскиот дел до учесниците, додека со практичниот дел од програмата се предвидува работно оспособување на кандидатите за практична примена на наученото од областа на заварувањето во кабинети опремени со потребниот алат,пробор  и опрема.

Како начин на реализација на обуката ќе се применуваат современи методи, вербални, демонстрирање, практична работа-вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Програмата ќе се реализира со вкупно 240 часа со следниве модули:

-Извори на енергија и измена на топлина;

-Соларни колектори и енергетска ефикасност;

-Техничка документација;

-Технологија на работата и заштита при работа;

-Изработка на конструкции на сончеви панели;

-Монтажа и одржување на соларни системи;

-Бизнис и претприемништво

По успешно завршување на обуката и положен завршен испит, кандидатите ќе  се стекнат со сертификат за работна оспособеност за монтер и инсталатер на сончеви панели со можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво во занимањето.

 

Програмата за обука  за занимањето монтер и инсталатер на сончеви панели претставува посебна прогарма за стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите и истата опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 240  часа).

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции:

-разликува изменувачи на топлина;

-сврзува цевки и цевни елементи  во раздвоиви и нераздвоиви врски;

-изведува мерење на површините и засенување на кровот или просторот на зададената локација;

-разликува изведби на соларни системи со рамни панели и вакум цевки;

-чита шеми на разни изведби на топловодни соларни системи;

-користи каталози и прирачници при порачки на инсталациски елементи и      компоненти од системот;

-монтира  соларни  топловодни системи  со примена на техничка  документација;

-пушта  во  работа  соларни   топловодни системи  и  ја  проверува  функционалноста  на системот;

-користи соодветен алат и иструменти при монтирање на фотонапонски системи;

-проектира поедноставни фотонапонски системи;

-врши монтирање на елементите на системот во функционална целина;

-ја испитува  функционалноста на фотонапонскиот систем;

-сервисира и одржува фотонапонски соларен систем;

-ги применува правилата за заштита при работењето на фотонапонските системи;

-изведува  постапки  на  редовно  одржување  и  отстранување  на  неисправности       при  застој  на  работата  на   системот;

-прави калкулација  за  инсталацијата  и  монтажата  на  системот,

-развива  способност  за  комуникација, добри  меѓучовечки односи, работа во  тимови;

-познава права и обврски од работен однос и водење на соспствен бизнис;

-почитува норми за енергетска ефикасност на системите;

-развива  еколошка  свест, почитува  мерки  за  лична  и  колективна  заштита  при  работа  и  заштита  на  животната  околина;

-користи  заштитна  опрема  и  заштитни   средства  при  монтажа  и  работа  на висина

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

За  исполнување на критериумите,кандидатите треба да имаат:

-Завршено минимум основно образование.

-Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

48

Пракса

168

Оценување

24

Вкупен број на часови

240

Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции:

-разликува изменувачи на топлина;

-сврзува цевки и цевни елементи  во раздвоиви и нераздвоиви врски;

-изведува мерење на површините и засенување на кровот или просторот на зададената локација;

-разликува изведби на соларни системи со рамни панели и вакум цевки;

-чита шеми на разни изведби на топловодни соларни системи;

-користи каталози и прирачници при порачки на инсталациски елементи и      компоненти од системот;

-монтира  соларни  топловодни системи  со примена на техничка  документација;

-пушта  во  работа  соларни   топловодни системи  и  ја  проверува  функционалноста  на системот;

-користи соодветен алат и иструменти при монтирање на фотонапонски системи;

-проектира поедноставни фотонапонски системи;

-врши монтирање на елементите на системот во функционална целина;

-ја испитува  функционалноста на фотонапонскиот систем;

-сервисира и одржува фотонапонски соларен систем;

-ги применува правилата за заштита при работењето на фотонапонските системи;

-изведува  постапки  на  редовно  одржување  и  отстранување  на  неисправности       при  застој  на  работата  на   системот;

-прави калкулација  за  инсталацијата  и  монтажата  на  системот,

-развива  способност  за  комуникација, добри  меѓучовечки односи, работа во  тимови;

-познава права и обврски од работен однос и водење на соспствен бизнис;

-почитува норми за енергетска ефикасност на системите;

-развива  еколошка  свест, почитува  мерки  за  лична  и  колективна  заштита  при  работа  и  заштита  на  животната  околина;

-користи  заштитна  опрема  и  заштитни   средства  при  монтажа  и  работа  на висина

Датум на верификација

05/07/2019

-

Заварувач

Бравар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content