КОЗМЕТИЧАР ЗА НЕГА НА ЛИЦЕ И ТЕЛО

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за козметичар за нега на лице и тело се состои од 4 тематски целини, а проверката на постигнувањето на целите ги опфаќа сите цели од тематски целини. Целите на програмата се насочени кон учесникот за стекнување на вештини и знаења преку реализација на предавања, демонстрирање на вештини и практична обука. Целокупната обука трае 280 часа.
Главна цел на оваа програма е стекнување на вештини за самостојно спроведување на козметички третмани. Врз основа на оваа цел обуката се организира според целите дефинирани по тематските целини, кои се ориентирани кон стекнување на практични вештини и знаења, Освен тематските целини програмата ги содржи формите(фронтално,групно,тандем и индивидуална) и методите(предавање,дискусија во групи,учење насочено кон решавање на проблеми,практична настава во козметичарски салони,обука на работно место,индивидуална настава) на обуката, кои обучувачите треба да ги применуваат во текот на обуката. Во таа насока обучувачот ќе користи такви методи, форми и техники кои овозможуваат постигнување на целите постапно.Програмата го содржи нормативот за наставен кадар и насоките за оценување на учесниците во програмата(усно,писмено,практично).
По завршената обука следи завршен испит кој се состои од практичен дел и стручно теоретски дел. Практичниот дел се состои од изработка на практична задача. Стручно теоретскиот дел се состои од тест со прашања.
По положување на завршниот испит учесникот се здобива со сертификат за козметичар за нега на лице и тело во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини и знаења.
Учесниците кои се стекнале сосертификат можат да напредуваат хоризантално преку обуки,семинари,советувања и верткално во согласност со Законот за стручно образование и обука.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По постигањето на целите учесникот е оспособен да:
– комуницира со клиенти,
– организира работа во козметички салон
– негува млада и зрела кожа,
– применува козметички препарати,
– применува депилација на лице и тело,
– негува дланки и стопала
– применува лимфна дренажа,
– декорира нокти на дланки и стопала,
– применува арометерапија на лице и тело,
– третира акнозна кожа,
– третира кожа со испукани капилари

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум основно образование и возраст над 15 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

56

Пракса

196

Оценување

28

Вкупен број на часови

280

По постигањето на целите учесникот е оспособен да:
– комуницира со клиенти,
– организира работа во козметички салон
– негува млада и зрела кожа,
– применува козметички препарати,
– применува депилација на лице и тело,
– негува дланки и стопала
– применува лимфна дренажа,
– декорира нокти на дланки и стопала,
– применува арометерапија на лице и тело,
– третира акнозна кожа,
– третира кожа со испукани капилари

Датум на верификација

18/06/2019

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content