ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК – SИДАР

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Целта на програмата е да се оспособат лица не помлади од 18 години за да можат да се вклучат во разни ѕидарски работи.  Теоретскиот дел на програмата ќе се реализира во опремена просторија, а практичната обука ќе се реализира на соодветни градежни парцели. Времетраењето на програмата во наставни часови изнесува 200 од кои 50 часа теорија, 140 часа пракса и 10 часа оценување или временски ќе трае околу два и пол месеци под услов неделно да се оддржуваат по 20 часа. Оваа програма е наменета за работно способени лица со завршено минимум основно образование, кои сакаат да се појават или се веќе на пазарот на труд со афинитети кон ѕидарството. Бројот на кандидати во една група  не треба да изнесува повеќе од 12 учесници. Обуката можат да ја следат повеќе групи, имајќи предвид дека програмата може да се реализира во повеќе работни смени во текот на денот.

Преку програмата за работа за градежен работник – sидар учесникот ќе биде оспособен да ги препознава и користи материјалите за припрема на малтерите, начини на нивното приготвување, да го користи алатот и материјалите за ѕидање, начин на изведување на ѕидарските работи, малтерисување и изведување на изолациони ѕидови на разни објекти. Исто така оваа програма ќе овозможи учесникот да ги познава разните видови на ѕидови во високоградба, нискоградба и хидроградба, личните заштитни средства, нивната примена и важност. Учесникот ќе ги развива и т.н. бројчани вештини – користење на метар за мерење, конец за обележување на ѕидови, размери и проценти за припремање на малтерот, пресметување на површини на малтерисувањето и пресметување волумен на ѕидаријата.  Исто така учесникот преку оваа програма ќе научи самостојно да ѕида, бетонира, армира и изведува тесарски работи.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:

 

  • ги препознава и користи материјалите за подготвување малтери за ѕидање,
  • ѕида ѕидови;
  • малтерисува ѕидови и плафони;
  • врши разни ѕидарски работи;
  • соѕида ѕид според проект од материјал според описот или работниот налог;
  • изработува хоризонтална и вертикална изолација;
  • бетонира, армира и изведува тесарски работи;
  • ги познава и користи средствата за лична заштита; и

работи согласно прописите за заштита на здравјето и околината.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Оваа програма е наменета за лица кои имаат завршен најмалку основно образование, да се постари од 18 години, да пројавуваат интерес кон ѕидарскиот занает како би можеле полесно да научат да ги применуваат основните правила и начела на овој занает.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

140

Оценување

10

Вкупен број на часови

200

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:

 

  • ги препознава и користи материјалите за подготвување малтери за ѕидање,
  • ѕида ѕидови;
  • малтерисува ѕидови и плафони;
  • врши разни ѕидарски работи;
  • соѕида ѕид според проект од материјал според описот или работниот налог;
  • изработува хоризонтална и вертикална изолација;
  • бетонира, армира и изведува тесарски работи;
  • ги познава и користи средствата за лична заштита; и

работи согласно прописите за заштита на здравјето и околината.

Датум на верификација

11/03/2019

-

Шминкер

Ракувач со ЦНЦ машина

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content