Вработените  на ЈУ Центар за образование на возрасни- Скопје заедно со директорот на ЈУ Центар за образование на возрасни-Скопје, Lindita Qazimi и директорот на Центар за доживотно учење- Скопје, Билјана Мојсовска  од 23.05.2016 до 27.05.2016 година, беа на студиска посета во Љубљана , Словенија.

Целта на посетата беше да се запознае системот за Валидација на неформално и информално образование на возрасните во Словенија, да се  посетат Институциите кои го имплементираат системот за Валидација, да се увидат предизвиците и проблемите на имплементаторите во пракса.

Институциите кои беа посетени: Андрагошки Центар на Словенија- Љубљана, ЗИК Чрномељ, Работничкиот универзитет Јесеница и Блед, Словенија.

Leave a Reply