Во периодот 16-18 октомври 2018 година, во организација на Центарот за доживотно учење, беше реализирана студиска посета на Словенија на тема „Валидација на неформалното и информалното учење во Словенија – систем, предизвици и добри практики“.

Студиската посета беше организирана за клучните чинители во образованието на возрасните во Македонија, особено инволвираните во валидацијата на неформалното и информалното учење (ВНИУ). Целта на посетата беше запознавање со системот, предизвиците и добрите практики поврзани со ВНИУ во Словенија, како и размена на искуства меѓу претставниците на двете земји.

Домаќин на студиската посета беше Андрагошкиот центар на Република Словенија.