ЈУ Центар за образование на возрасните-Скопје (ЦОВ) како општествено одговорна институција грижејќи се за своите вработени, корисниците и граѓаните постапува по дадените препораки во согласност со мерките и активности за превенција од ширењето на корона вирусот од страна на Владата на Република Северна Македонија.
Во услови на засилени мерки за превенција Ве известуваме дека ЦОВ воведува нов времен режим на работа со странки. Ве молиме сите што имаат потреба за контакт со Цов или имаат барања/прашања да ги користат нашите електронски сервиси – веб страната https://cov.gov.mk, или на contact@cov.gov.mк
Препорачуваме целата комуникација да се води со вработените преку маил, или директен телефонски разговор со службеникот кој ви е потребен.