Денес  на 17.07.2019 во општините Чаир и Сарај успешно заврши проектот за образование на возрасни, финансиран од Центарот за образование на возрасни-Скопје. Проектот опфати 272 граѓани од општина Чаир и 250 од општина Сарај во економска насока – техничар за маркетинг и трговија. Целта на проектот е да им овозможи на граѓаните да одговорат на барањата на пазарот на трудот и да бидат дел од доживотното учење. Овој тип на проект од Центарот за образование на возрасни започна во 2009 година, а досега дипломирани се 2945 граѓани од различни општини (Арачиново, Прилеп, Чаир, Тетово, Гостивар, Теарце и Куманово).