Во рамките на соработката меѓу Центарот за образование на возрасните со Центарот за доживотно учење, а со финансиска поддршка од DVV International  од Германија, изготвена е компаративна анализа „Примери за валидација нанеформално образование на возрасни и информално учење од земји од ЕУ ипрепораки за Македонија“. Целта на оваа анализа е да придонесе кон развојот на системот за валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ), систем кој Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука го развиваат во соработка со Европската тренинг фондација од Торино.

По тој повод, Центарот за образование на возрасните и Центарот за доживотно учење организираат консултативна средба на која што ќе биде презентирана Анализата и ќе се дискутира за актуелни прашања поврзани со процесот на ВНИУ во Македонија.

Средбата ќе се одржи на 25.01.2017 година,а ќе ја отвори директорката на Центарот за образование на возрасните ЉиндитаЌазими.

Напишете коментар