ШМИНКЕР

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата “Шминкер”енасочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи даорганизира сопствената работа, да го подготвува салонот и клиентот за шминкање, да советува клиенти, подготвува и изведува целна и специјална шминка, комуницира со клиентитеи деловни партнери, води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, како и за здравјето и околината, води евиденција и подготвува пресметки за работата, ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис и да почитува работнаетика и морал.Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесницитеполесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот. Времетраењето на програмата етри месеци.Структурата на програмата за “Шминкер”е составена од стручно-теоретски дел и практична обука.Во реализација на програматаќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текотна целата обука, усно, писмено, практична работаи на завршниот испит.Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства и салон за козметика. Стручно-теоретскиот дел од обукатаќе го реализира наставен кадарсо завршено високо образование, VII/1 степенстудии по медицина,технологија,односно студии по економија.Практичниот дел од обуката ќе го реализира козметичар-шминкерсоповеќегодишно работно искуство.По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат за работнаоспособеност Шминкер. Програмата дава можностза вертикалнонапредување во програми од повисоко ниво на занимање.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години.Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

175

Оценување

Вкупен број на часови

225

Датум на верификација

04/11/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content